Киргистанскиот претседател си поднесе оставка
„Не сакам да бидам познат во историјата на Киргистан како крвав претседател кој пукал кон сопствените граѓани. Затоа, решив да си дадам оставка“, рече Јенбеков.
Оставката на Јенбеков доаѓа еден ден откако тој ја одобри одлуката на Парламентот да го избере Садир Јапаров за нов премиер на земјата.
Киргистанскиот претседател со услов за повлекување од функцијата
Потврдата на Јапаров, кој за време на протестите беше ослободен од затвор каде што издржуваше долга затворска казна откако беше осуден за киднапирање, го придвижи Киргистан кон решавање на кризата предизвикана од демонстрациите за официјалните резултати од парламентарните избори на 4 октомври.
Изборниот резултат беше поништен откако демонстрантите - лути на знаците на купување гласови и други непристојности за време на изборите - ги зазедоа зградите на владата на 6 октомври.