Георгиевски во Софија: Kомисијата има направено големо поместување
Тој остварил средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и со генералниот секретар во кабинетот на престедателот Румен Радев, Димитар Стојанов.
Како што информираат од ВМРО-Народна, Георгиевски во рамки на состаноците, тој ставил „ посебен акцент на работата на заедничката историска комисија која и покрај тоа што можеби не работи со идеално темпо, сепак, има направено големо поместување напред што треба да биде позитивно оценето од нашите соседи“.
Георгиевски - Бугарија не сака промена на нашиот Устав и нов Договор
Соговорниците, пак, потенцирале дека тие не бараат нова промена на Уставот на Македонија, ниту нов посебен договор, но инсистираат на спроведување со јасно темпо на досега договореното помеѓу двете држави, со акцент на историската комисија, информираат од политичката партија.
Било заклучено и дека во наредниот период ќе се интензивира работата за да не дојде до ставање вето на патот на Македонија кон Европската унија.