Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Над 42 милиони заразени од корона вирусот во светот

Агенцијата за контрола на болести на Европската унија им се придружи на  здравствените работници за да алармира за напливот на коронавирус низ целиот континент, откако Светската здравствена организација предупреди за „експоненцијално“ зголемување на инфекциите.


Дури и во земјите кои избегнаа сериозни епидемии за време на првиот бран на зараза во Европа на пролет, сега имаат зголемување на бројот на инфициарни, а бројот на жртвите во Германија надмина 10 000.


Владите повторно воведоа мерки за ограничување за да го забават обновеното ширење на вирусот.


Но, дел од населението кое е уморно од социјалната изолација и економските тешкотии се спротивстави на новите ограничувања, па така во Неапол кој е  особено погоден од вирусот синоќа дојде и до судири меѓу италијанската полиција и стотици демонстранти.


Континентот се соочува со голема закана за јавното здравје и е во „многу загрижувачка епидемиолошка состојба“, рече Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.


Агенцијата соопшти дека сите земји на ЕУ, освен Кипар, Естонија, Финска и Грција, спаѓаат во категоријата „сериозна грижа“, вклучително и Велика Британија.


Откако Шпанија стана првата европска земја што официјално забележала милион случаи на Ковид-19 на почетокот на неделата, премиерот Педро Санчез вчера рече дека реалниот број на зарази е веројатно повеќе од тројно поголем.


Франција ја следи  Шпанија со милион случаи на заразени, додека Германија достигна нов дневен рекорд од скоро 15.000 нови случаи, а здравствените власти ја повикаа јавноста да ги следи мерките за социјално дистанцирање.


Во неколку држави стапија на сила нови итни ограничувања на секојдневниот живот, со тоа што во Франција продолжи полициски час кој опфати 46 милиони луѓе.


Делови од Италија, вклучително и главниот град Рим, имаа полициски час синоќа, што предизвика повик за протест на социјалните мрежи, откако беа објавени  видеа на кои се гледа како стотици демонстранти во Неапол,  фрлаат предмети кон полицијата и палат корпи за отпадоци.


Велс влезе во целосна блокада во петокот вечерта, еден ден по затворањето на Ирска, додека Полска усвои  „црвената зона“ на национално ниво, со која се налага делумно затворање на основните училишта и ресторани.


Низ целата планета, Ковид-19 досега ги однесе животите на 1,1 милион луѓе и зарази близу 42 милиони, а СЗО предупреди дека северната хемисфера се наоѓа на критична точка.


„Премногу земји гледаат експоненцијално зголемување на случаите со Ковид-19 и тоа сега доведува до тоа болниците и единиците за интензивна нега да бидат близу до или над капацитетот“, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус.


Ковид-19 зема замав, и во земјава, но и во цела Европа


Белгија бележи една од најсмртоносните избувнувања на заразата по глава на жител во Европа.


"Ние губиме. Презаситени сме. Огорчени сме", рече Беноа Мисет, раководител на одделот за интензивна нега на Универзитетската болница во градот Лиеж, каде што неколкумина негови вработени треба да работат и покрај тоа што се позитивни, доколку се асимптоматски.


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *