Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Филипче нема да поднесе оставка, ја повика опозицијата да не одмага

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја бара опозицијата.


Тој во Струмица ја повика опозицијата да ја тргне политиката настрана од борбата против пандемијата со Ковид-19.


Нагласи дека од почетокот на кризата целиот тим работи професионално и никогаш не се обиделе да внесат политиканство во било која од препораките и одлуките.


"Ги слушаме во јавноста предлозите што ги дава опозицијата и огромен дел од нив немаат никаква медицинска логика. Сакам да им порачам да ја држат политиката настрана од ова сериозно прашање. Имаа шанса да помогнат, но за жал одмогнаа и тогаш кога требаше да се потпише заемот. Сега сите 16 ковид центри ни доцнат. Да не се слушеше тогаш таа блокада од тогашната заменичка министерка за финансии, сега сите ковид центри ќe беа инсталирани во целата држава, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Струмица


Претходно потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната прес-конференција изјави дека министерот за здравство Венко Филипче треба сам да си поднесе оставка.


"Во овој период најважно е здравствените власти да се посветат целосно на решавање на ова што ни се случува, јас би го нарекол овој хаос што ни се случува, вие знаете дека во минатото токму овој господин Филипче велеше дека отприлика ќе има 2000 заразени во текот на целата пандемија, што сега гледаме дека се многу повеќе на неделно ниво. Јас ќе апелирам тој да не биде политичарот Венко, туку да биде оној што треба да биде, а тоа е министер за здравство" кажа Мисајловски.


Корона криза- кој е виновен, власта или граѓаните?


Инаку министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во Штип и Струмица најави и проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот.


Тој рече дека болниците се преполнуваат, па се прават подготовки  за болницата во Козле и дополнителни капацитети за болицата „8-ми септември“. Во однос на штипската болница, министерот вели дека постои целосна координација и комуникација за префрлање на пациенти во болницата во Кочани. Во Струмица, пак, станало збор за отворање на новото крило на струмичката болница и надополнување на кадарот.


Тој посочи дека доколку произлезе потреба од ангажирање на уште повеќе кадар, ќе се пренаменат и другите болнички капацитети, не само во инфективните туку и во интернистичките одделенија, нешто што почнало да се практикува во болниците во Битола, Прилеп, Охрид каде пациенти се сместуваат на интернистичките одделенија.


Министерот потсети и дека се зголемени термините, но и бројот на тестови за Ковид-19.  Тој кажа дека за време на викендот има дополнителни термини за тестирања,  а вработените работат во три смени.


 


 


е

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *