Нови 982 позитивни на коронавирус, петмина починати
Во моментов во земјава има 9.058 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 420, а потоа следуваат Прилеп со 61, Куманово 35, Тетово 58, Велес 82 и Битола 33..
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 246.105 тестирања на Ковид-19.