Нов биланс од Измир и Самос: 26 загинати и над 800 повредени
Најмалку 24 лица загинале во Измир, вклучувајќи и една повозрасна жена која се удавила, соопштила турската служба за вонредни ситуации. На Самос двајца тинејџери загинале кога на нив паднал ѕид, а повредени биле 20-тина луѓе. Двајца од повредените, од кои едно 14-годишно дете, се префрлени во Атина, а седуммина се хоспитализирани на островот, соопштиле локалните власти.
Малото цунами кое го погодило брегот ги поплавило улиците во Самос. Властите ги предупредиле граѓаните да се тргнат од брегот и зградите кои би можеле да се урнат. Епицентарот на земјотресот, кој според Институтот Кандили бил со јачина од 6.9 степени, бил во Егејското море северно од Самос, јави АП.