Времето денеска - Претпладне сончево, попладне облачно
Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 9, а дневната од 12 до 23 Целзиусови степени.
Следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови, повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.