Бројот на починати од земјотресот во Турција се искачи на над 50 лица
Во меѓувреме, бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 6,9 степени се искачи на најмалку 51, бидејќи спасувачките екипи копаат низ урнатините во надеж дека ќе најдат преживеани.
Грчката и турската влада, кои до неодамна имаа тензии околу Кипар и морското дно, си испратија меѓусебни пораки за солидарност по земјотресот.
Турскиот министер за здравство Фахретин Кохјах рече дека 70-годишниот преживеан Ахмет Цитим кажал дека „никогаш не ја изгубил надежта“ пред да биде извлечен од урнатините денеска по полноќ на.
Над 5.700 вработени од државни и локални агенции се мобилизирани за спасување.
Земјотресот се случи на крајбрежјето на 30 октомври, соборувајќи згради и предизвикувајќи мало цунами што удави најмалку една турска жртва. Десега се регистриарни 900 повредени лица Стотици последователни потреси продолжуваат да го тресат регионот.
Нови жртви во Измир и Самос: Над 30 починати и над 800 повредени