Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови, како што соопшти УХМР; ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд.До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а потоа ќе имаат тенденција на опаѓање