Филипче: Знаеме колку вакцини ќе пристигнат во февруари
„Од компанијата не замолија се уште да не се објавуваат дозите, иако точно знаеме колку дози треба да стигнат во февруари, колку во март и колку во април. Изминатата недела имавме во континуитет телефонски разговори, разменуваме маил со компанијата „Фајзер“ и мислам дека тоа е една политика која успеаја да ја имплементираат заради зголемување на дел од нивното производство“, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.
Во Новата година со 19 379 активни случаи на Ковид-19
Во однос на големиот број медицински персонал, кој е пријавен за невработен, Филипче информираше дека делумно направената анализа покажува оти еден дел од тој медицински персонал е вработен во приватните здравствени установи, а дел е заминат во странство.