Избори за Сенатот на САД: Демократот Вaрнок прогласи победа
Кој ќе ја добие контролата врз американскиот Сенат?
Вториот дуел е меѓу поранешниот републикански сенатор Дејвид Пeрдју (71), поранешен директор за економија и демократот Џон Ософ (33), поранешен помошник член на Конгресот и новинар, кој води во трката. Од исходот на овие избори зависи дали избраниот претседател на Соединетите држави, демократот Џо Бајден, кој ќе стапи на должност на 20 јануари, ќе може да ја спроведува својата прогресивна агенда во следните две години или ќе биде соочен со блокада на републиканците. За да ја добијат контролата врз Сенатот, демократите мора да ги освојат и сенаторските места во Џорџија.