Опасност од уривање на зградите во Петриња
„Опасноста за секој човек е голема и мораме да ги дислоцираме од строгиот центар на градот“, истакна градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, додавајќи дека не исклучува евакуација на населението.
Земјотресот во Хрватска уништи или оштети 8.928 згради
Во разорниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала на 29 декември, минатата година животот го загубија седум лица, а над 20 беа повредени..