Извозот за 11 месеци во 2020 година со пад од 9,9 отсто
Според објавените податоци, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува скоро 6 милијарди американски долари, а вредноста на увeзената стока е над 7,7 милијарди долари, што е за 9,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, пак, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува над 1.7 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 76,9 отсто.
Во периодот јануари – ноември 2020 година нашата држава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.