Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

ЕУ ја удвои нарачката на вакцини, го резервира половина од производството на Фајзер за 2021

Европската унија соопшти дека обезбедила дополнителни 300 милиони дози од вакцината против коронавирус на Фајзер/БиоНТек. Со тоа Унијата обезбеди скоро половина од целосното производство на компанијата за годинава.


„Се договоривме со БиоНТек и Фајзер да ја прошириме нарачката. Со новиот договор ќе може да порачаме дополнителни 300 милиони дози од вакцината на БиоНТек“, рече шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на денешната прес-конференција во Брисел.


Претходно Унијата нарача 300 милиони долази.



Вакцината на Фајзер ефикасна и против британската мутација на коронавирусот


Фон дер Лајен рече дека 75 милиони од новите дози ќе бидат испорачани во второто тримесечје, а останатите до крајот на годината.


Одлуката може да ги ублажи критиките кон Комисијата дека не направила доволно за да обезбеди вакцини за сите земји-членки.


ЕУ склучи шест договори за набавка на до две милијарди дози вакцина од производителите Модерна, Астра Зенека, Санофи-ГСК, Јансен фармацеутика НВ, Фајзер/БиоНТек и КјурВац.


Засега само вакцините на Фајзер и на Модерна се одобрени за користење во ЕУ, но Европската агенција за лекови денеска соопшти дека и вакцината на Астра Зенека може да биде одобрена за користење до крајот на месецов.


Фон дер Лејен рече дека ЕУ сега има капацитет да вакцинира 380 милиони луѓе, односно над 80 отсто од жителите на Унијата.


Фајзер соопшти дека може да произведе 1,3 милијарди дози оваа година.

Компанијата се согласи да им продаде на САД до 600 милиони дози, од кои 200 милиони се веќе нарачани, а за годинава резервираше 120 милиони дози за Јапонија и 40 милиони за Велика Британија.


Големата нарачка од ЕУ веројатно ќе бара проширување на производствените капацитети на Фајзер/БиоНТек.


Германија на 4 јануари открие дека во посебен договор со БиоНТек нарачала 30 милиони дополнителни дози, потег што е во спротивност со договорите на ЕУ со кои им се забранува на членките да преговараат за паралелни договори со производителите.


Вакцините обично се делат меѓу членките на ЕУ пропорционално според бројот на жители.


Вакцинацијата во ЕУ се одвива бавно на почетокот, а некои земји се жалат дека не добиле доволен број на дози.


Надвор од Унијата, Велика Британија денеска ја одобри и вакцината на Модерна и соопшти дека нарачала дополнителни 10 милиони дози на претходно нарачаните 17 милиони.


Во Британија веќе се користат вакцините на Фајзер и на Астра Зенека, а скоро 1.5 милиони луѓе веќе се вакцинирани.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *