Талибанците спровеле напад врз странски сили во Авганистан?
„Аеродромот Кандахар, каде што се сместени меѓународните трупи во мисијата „Одлучна поддршка на НАТО“, беше цел на повеќе ракети на 7 април. Ракетите погодија цели, предизвикувајќи големи човечки и материјални загуби“,
напиша портпаролот на талибанците, Забихулах на Твитер.
Ниту американската војска ниту НАТО не го коментираа тврдењето.
Според договорот меѓу САД и талибанците, постигнат под администрација на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, милитантната група се согласи да ги прекине нападите против меѓународните трупи.
Бајден: Тешко дека ќе се исполни рокот за повлекување на војниците на САД од Авганистан
Сите странски сили, исто така, треба да го напуштат Авганистан до 1 мај во замена за безбедносни гаранции од милитантната група, како што се раскинување на врските со Ал-Каеда и да прекинат да засолнуваат странски терористи.Но, наследникот на Трамп, претседателот Џо Бајден, предупреди дека ќе биде тешко да се исполни рокот за повлекување.