ЕМА попладне ќе даде објаснување за ковид вакцините и згрутчувањето на крвта
Прес-конференцијата ја потврдија официјално на сајтот на институциите на Европската унија (ЕУ), пренесе МИА.
Објаснувањата на ЕМА се очекуваат откако вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, изјави дека постои поврзаност помеѓу вакцините на Астра Зенека и случаит на згрутчување на крвта.