Иницијатива до Уставниот суд за 100% плата за заболените од ковид
Во иницијативата до Уставниот суд, Здружението наведува дека професиите како полициски службеници, припадници на Армијата, вработени во детски градинки и во образованието, во домови за стари лица, службеници на шалтери и работници во малопродажба, се изоставени од оваа одредба со што се врши нивна дискриминација и им се оневозможува користење на нивните права како работници.
Истовремено, Здружението покрена и иницијатива за признавање на ковид-19 како несреќа на работа доколку некој се зарази на работното место. Укажува и дека работниците кои прележале ковид-19 потребно е по враќањето на работа, да се упатат на медицински прегледи за да се преоцени нивната работоспособност по болеста. Првата ваква иницијатива, МЗЗПР ја достави до Владата и надлежните институции на 14 мај лани. Досега, поддршка за иницијативата има од Конфедерацијата на слободни синдикати, Сојузот на синдикати на Македонија и здруженија на граѓани од областа на трудовото право.