Дипломатска конференција пред словенечкото претседателство со ЕУ
Евроинтеграцијата на Македонија еден од приоритетите на словенечкото претседавање со ЕУ
Главниот настан на претседателството се очекува да биде неформален самит ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Словенија во октомври. Меѓу најважните настани ќе биде и Бледскиот стратешки форум на почетокот на септември, на кој беа поканети претседателите на сите европски институции, како и премиерите и претседателите на најважните членки на Унијата. За време на нејзиното претседателство, Словенија исто така ќе игра важна улога во претседавањето со Конференцијата за иднината на Европа, која официјално започна на 9 мај и завршува следната година, за време на француското претседателство.