Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Правила за влез во Грција- ПЦР тест за деца над шест години, 10 дена изолација при позитивен тест

Правилата за влегување во Грција што предвидуваат задолжителен PLF формулар и една од трите опции: сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, продолжени се за уште една седмица и важат до 14 јуни 2021 година, а Северна Македонија и понатаму е меѓу земјите за кои постои исклучок од забраната за патување во Грција за државјани на трети земји, јави дописничката на МИА од Атина.


Министерската одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре, во 6 часот наутро, а воведени се неколку промени, кои во петокот ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.

Негативниот ПЦР тест за влез во Грција, наместо од петгодишна возраст, задолжителен е за сите со наполнети шест години, 14-дневната изолација на позитивните случаи се заменува со десетдневна или со седумдневна доколку се работи за лице кое е веќе вакцинирано, а на листата земји за кои е дозволен влез во Грција додадена е Црна Гора.



Вакцинираните слободно на одмор, Македонија очекува туристи од регионот


Паралелно, истите правила и рестрикции што важат и за грчките државјани, важат и за странските туристи, како што се задолжителна употреба на маска и на отворено и на затворено, забрана за движење по 00.30 часот, поради полицискиот час, задолжително одржување дистанца итн. Кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно 6 до 22 часот по македонско време.



Сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат, а се поврзани со Ковид-19. Поконкретно, како што пренесува МИА, првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација.


Втората опција е со негативен ПЦР тест, направен во последните 72 часа пред патувањето, во одобрена од државата на потекло, приватна или државна лабораторија. Освен двете опции, алтернативно, како што пишува во министерската одлука, посетителите на Грција, може да достават сертификат за прележана болест или позитивен резултат од направен ПЦР или антигенски рапид (брз) тест со валидност од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот и да се поминати 30 дена од првиот позитивен резултат.



Европскиот дигитален ковид сертификат ќе го направи патувањето полесно


Со оглед на тоа што Грција, од минатата седмица официјално го воведе дигиталниот Ковид сертификат, во новата министерска одлука воведена е и оваа можност како алтернатива, односно туристите можат да влезат во земјата со ваков сертификат во дигитална или печатена форма, кој треба да ги содржи податоците во врска со вакцинацијата или резултатот од последната проверка со употреба на брзи антигени тестови или ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19.

 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *