Времето денеска- претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во Скопската котлина ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 30 степени.
Од утре следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.