Состанок на високо ниво на ОН за сидата
Од ЕУ и СЗО бараат да се зголеми бројот на тестирања за ХИВ
„Светските лидери мора да ја искористат можноста што ја нуди оваа нова средба на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации за да го задржат својот фокус и посветеност на ставање крај на СИДА-та како закана за јавното здравје како дел од Агендата за одржлив развој во 2030 година“, изјави Вини Бјанима, извршен директор на УНАИДС. „Епидемијата на СИДА е незавршена работа и мора да се заврши за сите насекаде, вклучително и за млади жени и за други групи на луѓе непропорционално погодени од ХИВ“.