Кризната состојба продолжена до крајот на годинава
Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври.
Владата предлага продолжување на кризната состојба до крајот на годината
Пленарната 43-та седница почна во стариот амбиент – салата „Македонија“ каде што има услови за електронско гласање. Пратениците се вратија таму по неколку месеци работа во Големата сала (купола). Комисијата за заразни болести одобри протокол по кој ќе се одржуваат пленарните седници. Продолжението на 43-тата седница е по редовната пауза.