Од 1 октомври недела е неработен ден
Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Работниците во овие дејности кои ќе работат и во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната денвница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.
За кого недела ќе биде неработен ден?
Битиќи: Недела неработен ден за социјална рамноправост и заштита на работничките правa
„Ова беше приоритет на нашата програма, направена со синдикатите и работодавачите. Недела ќе стане ден за одмор и со ова ја поддржуваме грижата и поддршката за работниците. Со ова ќе се создаде рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот. Работничката и работникот ќе бидат поефикасни и помотивирани, но и ќе имаат приватен живот, за партнерски заедници, за пријателите“, рече Заев.
Работодавичите кои ќе го прекршат законот, ќе им се забрани работа од 15 дена и ќе им се издаде прекшочен патен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок за плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа не може да го намали бројот на работници.