Сајтовите на најголемите светски медиуми утринава беа недостапни поради грешка
Интернет страниците на повеќе светски медиуми, како Њујорк Тајмс, Фајненшл Тајмс, Би Би Си, Блумберг, Си Ен Ен, Ел Монд, Гардијан, платформата Редит, како и сајтовите на британската влада со наставка gov.uk утринава кратко време беа недостапни. Не можело да се пристапи и до интернет сајтот за продажба Амазон.
По кратко време сајтовите повторно беа достапни.
Клауд-сервис компанијата Фастли од Сан Франциско го обзнани проблемот во 11 часот по централноевропско време и соопшти дека „продолжува да го испитува проблемот“.