Први два сомнителни случаи на делта сој во Албанија
„Вториот случај е лице на 45-годишна возраст од Пермет, кое исто така пристигнало од странство. И двајцата се лекуваат во домашни услови и засега нивната здравствена состојба е стабилна“, наведува телевизијата.
Делта сојот на короновирусот
Во меѓувреме, за случаите за кои се сомневаат дека се заразени со новата варијанта „делта“, Министерството за здравство појаснува дека досега во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) немало потврден случај.
Според нив, новата варијанта на коронавирусот се испитува само во ИЈЗ а конечната потврда се прави во странски лаборатории.