Во наредните пет недели, на локации низ Скопје, ќе се снима „Кајмак“ седмиот долгометражен филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Станува збор за „црна комедија, или среќна трагедија и за безмилосна критика на лицемерието“ во европска копродукција.