Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Османи очекува конструктивни разговори со новата бугарска Влада

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција на која говореше за нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 година изјави дека очекува конструктивни разговори со новата бугарска влада, враќање на довербата, разговор по однос на суштинските прашања и брзо деблокирање на процесот.


Тој најави и дека е предвидено интензивирање на комуникацијата уште во првите денови и недели од оваа година. Но, за евентуално средба со бугарскиот премиер Кирил Петков најпрвин треба да се изгласа новата влада во Собранието, за потоа да може формално да се остварат средби.



Бучковски- не го измислив јас поимот заедничка историја


На прашањето за изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно одвојување на Албанија од пакетот со Северна Македонија, Османи оцени дека неформалното политичко групирање е во интерес на двете држави.


„Овие процеси се циклични, денеска Албанија нема проблем, Северна Македонија има, меѓутоа во 2019 година беше обратна ситуацијата, ние немавме проблеми, Албанија имаше проблем. Доколку краткорочно гледаме, можеби ќе имаме одреден интерес за еден чекор во процесот, меѓутоа долгорочно сметам дека со регонална динамика двете држави ќе добијат. Затоа сметам, ако е ова аргумент плус, за убедување на албанските државјани, на албанската Влада, дека неформалниот регионален пристап е во интерес на двете држави, па и на регионот во целина. Но, Албанија има право да бара такво нешто бидјеќи процесот е индивидуален“, појасни министерот за надворешни работи Бујар Османи.


Тој најави дека во втората половина на јануари, по формирањето на Владата ќе биде воспоставена комуникацијата со Франција, како актуелен претседавач на Европската Унија во насока на можностите кои државата би ги имала за време на француското претседателство за одблокирање на процесот на евроинтеграциите.


„Во однос на Франција јас веќе имам воспоставена комуникација и барање за посета и средба со највисоките француски власти. Првично беше договорено таа средба да се реализира овие денови, меѓутоа сепак одлучивме дека таа средба треба да се реализира после формирањето на новата влада овде кај нас, односно во втората половина на јануари, кога ќе треба официјално да се воспостави таа комуникација, која што и сега во меѓувреме постои, меѓутоа е потребна за да се утврдат француските планови и позици по однос на нивниот ангажман во овој процес“, истакна денеска Османи.


Франција од 1 јануари го презеде претседавањето со Унијата. Приоритетите на Франција беа презентирани пред помалку од еден месец од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон.



 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *