Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ

Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ со што и формално ги започна подготовките за претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација  во 2023 година, информираше на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тројката покрај Македонија ја сочинуваат сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска.



Како што истакна Османи, еден од најважните приоритети во 2022 година ќе биде токму претседавањето со ОБСЕ преку активната улога како дел од тројката, но и преку подготовка за претседавањето во 2023 година



Со денешниот ден, како прв работен ден во годината, нагласи Османи, се презема претседавањето со Групата на медитерански партнери- Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мароко и Тунис и притоа како копретседавачи во првата година од нашето учество во тројката ќе се организира и Медитеранската конференција меѓу ОБСЕ и земјите медитерански партнери најверојатно во Скопје, а потоа се презема и управувањето со донесувањето на буџетот на Организацијата.



Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи со ОБСЕ


Тој изрази уверување дека МНР, со поддршка и на останатите релеватни институции, има капацитет да одговори на предизвикот и да биде на висина на задачата и истакна дека во таа насока во буџетот за оваа година се предвидени околу 110 милиони денари односно околу 1,8 милиони евра. За годинава, дополни Османи, предвидено е да се упатат околу 15 дипломати во мисијата во Виена, кои ќе работат во рамки на претседавачкото трио и водењето на групата на медитерански партнери, но и ќе се подготват за финално преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.



„Претседавањето со ОБСЕ за нас ќе претставува и внатрешен трансформативен процес од консумент стануваме креатор и контрибутор на политиките на светско ниво. Ваквата инверзија на улогите претставува нова можност за нашето внатрешно институционално и политичко созревање, но во исто време рака под рака со глобалната експонираност тоа претставува и можност за зајакнување на имиџот на државата преку афирмација на нашите вредности и визии“ , рече министерот кој истакна дека ОБСЕ е најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во која членуваат 57 земји, заедно со 11 медитерански и азиски земји партнери на организацијата.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *