Петков: Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно
Укинувањето на ветото на Бугарија за Северна Македонија е работа што мора да ја направат и македонската и бугарската страна и да се постигне напредок во сите важни точки, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за Нова Телевизија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков изразил надеж дека добрососедството треба да биде водечко, но тоа бара многу работа од двете страни. На прашањето дали Русија се меша во бугарско-македонските односи преку филмот „Една вера, еден јазик“, Петков коментира дека тезите претставени во него се сосема спротивни на добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Османи: Бугарија бараше да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот
Петков воедно потсетува дека бугарската Влада се изјасни против филмот и не само што не го одобрува, туку и силно го критикува. „Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја“, наведува Петков.