Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Повредена жена кога автомобил се обидел да ги помине блокадите на патиштата во Србија

Здружението на еколошки организации на Србија го блокира денеска сообраќајот на патиштата во повеќе градови во Србија, барајќи забрана за ископ на литиум, односно Владата на Србија да го повлече планот за посебна намена на рудникот Јадар.


Протестите почнаа околу 13 часот, а блокирани беа патиштата во Нови Сад, Прељина, Шабац, Лозница - Ваљево и патот Горња Недељица – Брезјак во западна Србија, каде што британско-австралиската компанија Рио Тинто планираше рудник за литиум.


Блокирана беше и Ибарската магистрала под мостот кај Прељина каде имаше инцидент, кога возач удри во жена која се обидувала да го спречи неговото поминување. Жената со Брза помош е пренесена во болницата во Чачак.



Вучиќ за договорот со Рио Тинто: Проектот нема да биде повлечен


Во Белград неколку десетици граѓани десетина минути ја блокираа едната лента од меѓународниот автопат Е-75 на мостот Газела.


Насобраните изјавија дека се собрале самоиницијативно и дека нема организатори, а на протестот доминираа десничарски и антиваксерски пораки.

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на најавените блокади на патиштата во Србија.


Говорејќи пред новинарите во воената касарна во Панчево, тој изјави дека не ја гледа поентата на протестот и дека државата „ја завршила работата и ги прифатила и ги усвоила сите барања“.


„Што се однесува до Рио Тинто, нема да има никакви промени, никакви нови акции, никакви дејствија на Рио Тинто во иднина на кој било начин додека не разговараме за тоа меѓу себе на кој било начин“, изјави Вучиќ.


Тој додаде дека е рано да се зборува за тоа, бидејќи државата сè уште нема добиено студии за оцена на влијанието врз животната средина.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *