Британскиот здравствен систем под притисок, но нема нови мерки против ковид-19
Бројот на новозаразени вчера беше над 137 илјади поради појавата на позаразниот омикрон сој, а 73 луѓе починаа.
Една година вакцинација, половина свет вакциниран
„Мислам дека мора да бидеме свесни дека притисокот врз нашиот здравствен систем, нашите болници, ќе потрае со недели, а можеби и подолго“, рече Џонсон за време на посетата на вакцинален пункт во Ајлесбури.
Неговата изјава следува по објавата на Сандеј тајмс дека болниците на истокот на земјата предупредуваат на „екстремен и без преседан“ недостиг на персонал.
Владата сепак не планира да воведува нови мерки, а премиерот ги повика граѓаните да се вакцинираат.
„Мислам дека добар пат за земјата е оној по кој сега се движиме. Ќе ги држиме работите под контрола. Мислам дека комбинацијата на работи кои сега ги правиме е вистинската“, рече Џонсон.
Британската влада во јули ги укина скоро сите ограничувања воведени поради пандемијата на коронавирус, но минатиот месец беше активиран планот Б кој предвидува задолжително носење маски во затворени простории, доказ за вакцинирање или негативен тест за влез во ноќни клубови и апел до сите што можат да работат од дома.