Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Вучиќ ја покажа новата руска пратка со оружје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја пофали новата пратка оружје од Русија и покрај стравувањата на Балканот дека новото наоружување на земјата може да доведе до поголеми тензии во регионот. Во касарната во Панчево за првпат беше прикажан рускиот противоклопен ракетен систем „Корнет“, кој Србија го купи од Русија во 2021 година, две години откако највисоките српски функционери најавија дека ќе прекинат со купување воено оружје.


„Корнет“ од Русија пристигна во Србија на крајот на декември минатата година, додека купувањето беше договорено еден месец порано, на средбата на Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 25 ноември.


Набавката на новото руско оружје дојде во време кога сите очи беа вперени во официјална Москва и тензиите на границата со Украина, но и по неколкуте предупредувања од Западот поради воената соработка на Србија со Русија.


Вучиќ за време на презентацијата на оружјето и можностите на 72-та специјална бригада на војската на Србија најави дополнителни набавки на оружје и воена опрема.


„Што се однесува до опремата, ќе гледаме да ја подобруваме од месец во месец, од година во година, а вие гледате дека може да бидете во чекор со најдобрите специјалци ширум светот“,  рече Вучиќ во своето обраќање кон членовите на специјалната бригада.



Србија го обновува купувањето оружје од Русија


Тој додаде дека противтенковскиот систем е одбранбена алатка за одвраќање на сите од потенцијална агресија врз земјата. Во своето обраќање пред новинарите пак додаде дека  Србија е посветена на членството во ЕУ, но дека ќе продолжи да ги подобрува односите со Русија и Кина.


„Србија е на европскиот пат, има многу добри односи со своите пријатели, и Русија, Кина и Индија и ќе продолжи да го чува своето наследство“, рече Вучиќ.


Поради зајакнувањето на соработката со Русија и Кина, официјален Брисел и Вашингтон постојано ја критикуваа Србија, повикувајќи ја да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со европскиот блок.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *