Ердоган во посета на Ријад, прв пат по убиството на Кашоги
![Ердоган во посета на Ријад, прв пат по убиството на Кашоги](https://gdb.rferl.org/b5aa0000-0aff-0242-541d-08d99dfa4eb7_w800_h450.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе ја посети Саудиска Арабија во февруари, а ова ќе биде негова прва посета на таа земја по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година.
„Ме очекува во февруари. Ми вети. Во февруари ќе ја посетам Саудиска Арабија“, рече Ердоган, алудирајќи на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Ова ќе биде прва посета на Ердоган по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој беше убиен од група од неколку луѓе испратени од Ријад во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година.
Осуммина осудени за убиството на саудискиот новинар Кашоги
„Сабах“ објави нови снимки за убиството на новинарот Кашоги
Кашоги, остар критичар на саудиските власти, беше колумнист на Вашингтон пост. Ердоган тогаш ја обвини саудиската влада дека го наредила убиството, додека односите меѓу Анкара и Ријад се влошија една година претходно, во 2017 година. Тогаш Саудиска Арабија им нареди на арапските земји да ги прекинат дипломатските односи со Катар, кој е близок сојузник на Турција. Сепак, Ердоган во последните месеци се обидува повторно да воспостави врски со сите земји од Заливот.