Шефот на европската дипломатија Борел во Украина
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел од денеска до четврток ќе престојува во Украина. Тој ќе ја посети линијата на фронтот со проруските сепаратисти за да ја изрази поддршката на ЕУ за „територијалниот интегритет“ на земјата, објави Европската комисија. Во последните неколку недели Западот е загрижен поради трупањето на десетици илјади руски војници на границата со Украина и ја обвинува Москва дека ѝ се заканува на соседната земја со нова инвазија по анексијата на Крим во 2014 година.
Колку долго Украина може да издржи евентуална руска инвазија?
Борел потоа во Киев ќе разговора со украинските претставници. Разговорите меѓу Русија и САД за Украина треба да се одржат на 9 и 10 јануари во Женева, по што на 12 јануари треба да се одржи состанок Русија – НАТО и на 13 јануари состанок во рамките на ОБСЕ.