Најмалку осум мртви во обилните поплави во Иран
Најмалку осум лица загинаа во поројните поплави на југот на Иран поради обилните дождови кои се очекува да траат до крајот на оваа недела, објавија денеска државните медиуми.
„По поплавите и дождовите во изминатите неколку дена во јужните региони на земјата, видовме зголемување на жртвите и загинатите“, изјави портпаролот на националната спасувачка служба Мојтаба Каледи, а пренесе државната новинска агенција ИРНА.
„Досега осум лица загинаа, а две се водат како исчезнати“, рече Каледи, додавајќи дека 14 други се повредени.
Најмалку петмина загинати во циклонот Шахин во Оман
Пет од смртните случаи се случиле во провинцијата Фарс. Силниот дожд ги оштетиле „земјоделството, инфраструктурата, урбаните и руралните станови“.
Иранската Црвена полумесечина обезбеди „итно сместување за повеќе од 3.000 луѓе, а над 20.000 добија помош“.
„Куќите се поплавени, а инфраструктурата како патишта и комуникациските системи се оштетени“, изјави Мехди Валипур, шеф на спасувачките и итни операции, додавајќи дека повеќе од 500 тимови пружаат помош во делови од јужниот и источниот дел на земјата.
Членовите на Црвената полумесечина поставуваат шатори во спортски сали и им помагаат на автомобилите заробени на поплавените патишта или заглавени во планинските области покриени со снег.
Спасувачки операции се во тек во 87 градови во Иран. Лошото време го погоди не само јужниот дел на Иран, туку и арапските земји во Заливот во последните неколку денови.