„ЕУ не прави ништо и со тоа ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел“. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го вели Едвард Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.