Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Борел - Русија ќе се соочи со големи последици доколку ја нападне Украина

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ја повтори поддршката за Киев, велејќи дека Русија ќе се соочи со големи последици доколку ја нападне Украина.


Борел кој е во посета на Украина, денеска на заедничка прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека Киев и Брисел имаат заедничка цел да ги намалат тензиите со Русија преку „дипломатски средства“.


Ова е прва посета на највисок дипломат од ЕУ на линијата на фронтот во источна Украина, каде што сепаратистите поддржани од Русија речиси осум години се борат со украинските владини сили. Во конфликтот загинаа повеќе од 13.200 луѓе.


Посетата на Борел доаѓа во време на интензивна меѓународна дипломатија која уследи откако Москва распореди околу 100 илјади војници во близина на границата со Украина.


„Конфликтот на границите е на работ да стане подлабок, а се зголемуваат и тензиите во однос на европската безбедност во целина“, рече Борел.


Украина и Западот стравува дека тоа што Русија распоредува војска може да значи подготовка за потенцијална инвазија, но Москва го негира тоа.


„Секоја воена агресија против Украина ќе има огромни последици и ќе донесе тешки трошоци“, рече Борел.


Тој вели дека се во координација со САД, со НАТО и со други партнери, истомисленици, за да се деескалира ситуацијата. Тој вели дека во секој таков разговор мора да бидат вклучени Европа и Украина.



НАТО за 7 јануари најави виртуелен состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на кој ќе се разговара за кризата, откако Москва побара сеопфатни безбедносни гаранции од Соединетите Држави и нивните сојузници.


По вонредниот состанок ќе следат разговори меѓу американските и руските претставници во Женева на 9-10 јануари и состанокот на Советот НАТО-Русија на 12 јануари.



Борел: Ситуацијата меѓу Украина и Русија закана за целиот регион


Советот, главниот форум за дијалог меѓу двете страни, се состанува само спорадично од 2014 година, кога Русија го нападна и го анектира украинскиот полуостров Крим.


Русија бара гаранции дека Украина и другите поранешни советски земји нема да се приклучат на НАТО и Алијансата да го повлече военото распоредување во Централна и Источна Европа.



Западот го отфрли ултиматумот на Москва во однос на НАТО и се закани со строги санкции и други мерки доколку Русија ја нападне Украина.

 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *