Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

САД со нови санкции кон Додик

Американското Министерство за финансии објави проширени санкции кои го опфаќаат и членот на босанските Срби на тричленото претседателство на Босна и Херцеговина, Милорад Додик. Санкциите за дела за корупција се воведени против самиот Додик, но и против Алтернативната телевизија од Бања Лука, која е поврзана со Додик.


Додик претходно денеска кога беа најавени санкции, без да се прецизира за кого, рече: „тоа се нивни санкции, не се наши“.


„Велам дека санкциите не се свето писмо. Немам намера да барам виза за Америка, па макар утре ми ги укинале санкциите“, рече Додик на прашањата на новинарите за санкциите кои ги најави министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ.



Комшиќ: Ако Додик не го спречат странците, ние ќе го спречиме


Додик вели дека не може да замисли земја во која министрите, како Турковиќ, се радуваат за санкции кон своите граѓани.


Министерката претходно денеска најави дека во текот на денот ќе бидат објавени санкции кон одредени луѓе, без да посочи имиња. Турковиќ вели дека долго се работело на тоа. Таа рече дека постои усогласен став меѓу САД и ЕУ и дека тоа ќе биде само почеток на изрекување санкции.


Работата на државните институции во БиХ е блокирана од јули минатата година, кога претставниците на Република Српска, одбија да учествуваат во носењето одлуки. Тоа беше нивен одговор на тоа што високиот претставник на ЕУ во БиХ, Валентин Инцко наметна измени на Кривичниот закони со кои е забрането да се негира геноцидот и да се величат воените злосторства.


САД и ЕУ бараат да се одблокира работата на институциите и Република Српска да престане со активностите за пренесување на надлежностите од државата на ентитетот. Тоа предизвика политичка криза во БиХ, најголема од потпишувањето на Дејтонскиот договор со кој беше ставена крај на војната во деведесеттите години од минатиот век. Поради тоа многу меѓународни функционери најавија дека е можно да се наметнат санкции кон поединци во БиХ.



Босна повторно на работ: Дали 2022 ќе биде година кога ќе се распадне?


САД и претходно воведоа санкции кон Додик и тоа во јануари 2017, кога беше претседател на Владата на Република Српска, поради „непочитување на одлуката на Уставниот суд на БиХ за забрана за одржување референдум за Денот на Република Српска кој се одржа во септември 2016“.


Санкциите подразбираа забрана за влез во САД и замрзнување на имотот и на парите кои се наоѓаат на територија на САД. На американските граѓани им е забрането да учествуваат во трансакции и да соработуваат со лица кои се на листата на санкционирани.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *