Бомгартнер – Во преговорите меѓу Софија и Скопје не е потребна трета страна
Франција сака да биде користа и да направи сè што ќе помогне да се подобри состојбата со цел да се придвижат позициите, да се постигне договор и да се отворат преговорите за Северна Македонија со ЕУ, рече денеска амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер на прес-конференција на којашто ги претстави програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија.
„Доколку ова е можно во време на француското претседателство, тогаш сето тоа ние и ќе го направиме, изјави амбасадорот.
Што се однесува до улогата што Франција може да ја одигра во преговорите меѓу Скопје и Софија, францускиот амбасадор вели дека не е прашањето дали, туку како можат да бидат корисни со цел да го поддржат процесот што е во тек.
„Денес прашањето за посредништво не е на маса од повеќе причини, бидејќи не е потребно посредништво и не треба трета страна, бидејќи двете страни треба да се договорат за воспоставување на дијалог бидејќи единствено нешто што посакуваме е колку што можеме да бидеме корисни за да можат да се испорачаат резултати за оваа важна земја“, додава францускиот амбасадор.
Во однос на одвојување на пакетот Северна Македонија – Албанија за време на преговарачкиот процес, Бомгартнер вели дека во моментов не се препорачува одвојување.
Македонија, Албанија и ЕУ – Заедно или одвоено
Евроамбасадорот Дејвид Гир во однос на црвените линии во преговорите со Бугарија, Гир посочи дека Северна Македонија направи сè што е неопходно ги исполни сите услови за отворање на преговорите.
„Ги охрабруваме и Северна Македонија и Бугарија да продолжат со преговорите за да се решат нивните заемни прашања за да можеме да ги отвориме преговорите за членство. Во однос на различните декларации во двете собранија ќе ви кажам дека тоа е билатерално прашање од кое се засегнати двете држави. Охрабрувањето го гледам и низ посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Северна Македонија“, додаде тој.
Тој додаде дека посетата на бугарскиот премиер Петков е охрабрувачка, бидејќи се случува веднаш по составот на новата македонска влада и е прва билатерална посета во странство.
Петков треба да дојде во Скопје на 18 јануари.