Во Судан протести против мировните преговори на ОН
Неколку илјади луѓе протестираа денеска пред седиштето на ОН во Картум, осудувајќи ги разговорите организирани под покровителство на светската организација со цел да се реши кризата што настана по пучот, јави агенцијата Франс прес.
Демонстрантите носeа плакати со натписи против пратеникот на ОН Фолкер Пертес, кој неодамна започна индиректни разговори со цивили и војници.
„Го отфрламе странското мешање во работите на нашата земја“, изјавија дел од демонстрантите.
САД повикаа на цивилна власт во Судан
Илјадници Суданци на протест против воениот удар
Канцеларијата на ОН во Судан понуди да прими делегација демонстранти, но тие одбија.
На 10 јануари, Пертес објави почеток на разговори меѓу ОН и локалните актери за „да им помогне на Суданците да постигнат договор за надминување на кризата“ по државниот удар кој се случи на крајот на октомври.
Од почетокот на протестите против воените власти и државниот удар извршен на 25 октомври, во демонстрациите загинаа 77 лица. Суданската армија го отстрани од власт долгогодишниот автократски претседател Омар ал Башир пред повеќе од две години, а потоа беше формирана воено-цивилната влада на премиерот Абдала Хамдок.