Тежок период за здравството, уште потежок за пациентите
Коронавирусот го отежна пристапот до здравствените услуги за пациентите кои не се болни од ковид-19. Пациентите се жалат дека со месеци чекаат за ехо и за одредени специјалистички прегледи. Матичните лекари се жалат дека не можат да најдат термини за специјалистички прегледи за нивните пациенти.