Бесплатни градинките во Бугарија од април
Владата ќе инвестира 70 милиони лева (околу 35 милиони евра) за изградба на градинки, рече Петков. Тој најави и дека платите на наставниците ќе бидат 125 отсто од просечната плата.
Бугарското население се намали за 11,5 проценти во една деценија
„Нема да има пензионер под прагот на сиромаштија“, тврди бугарскиот премиер.
Само во изминатава деценија, бугарското население е намалено за 844 илјади луѓе, односно за 11,5 отсто. Во 2011 година, Бугарија имала 7,3 милиони жители, а првичните резултати од пописот спроведен минатата година покажуваат дека сега има 6,5 милиони жители.
Експертите го објаснуваат демографскиот пад на Бугарија на нискиот наталитет, високата смртност и стареењето на населението, ниските стапки на фертилитет и емиграцијата од најсиромашната членка на ЕУ.