Ковачевски: Има нова динамика во разговорите со Бугарија
Тој посочи дека е внесена нова динамика во разговорите со Бугарија и договорен нов пристап во разговорите, свртен на реални теми. За таа цел, како што наведе Ковачевски, беше и заедничката владина седница во Софија и формирани работните групи за економија, инфраструктура, образование и култура и за евроинтеграции. Меѓу министерствата, исто така, ќе има комуниција според потребите, посочи тој, особено меѓу министерствата за одбрана, бидејќи и Северна Македонија и Бугарија се членки на НАТО.
Димитров: Доцниме затоа што С.Македонија не прифаќа дека имаме заедничка историја
Тој додаде дека очекува резултати и од Комисијата за образовни и историски прашања и динамична работа. Посочи дека таа работи по своја методологија и вклучува професори по историја.
„Таму ветија дека ќе има нова динамика во наредниот период, со цел да дојдат до решенија кои тие ќе можат да ги презентираат пред јавноста“, додаде Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања при посета на училишта во Прилеп.
Бугарија од 2020 година ги блокира македонските евроинтеграции со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја и оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Бугарската страна сега бара вметнување на македонските Бугари во уставот, но негираат постоење на македонско малцинство во Бугарија.