Падна црногорската влада на чело со Кривокапиќ
Црногорскиот Парламент му изгласа недоверба на Владата на Здравко Кривокапиќ, со што и престанува мандатот на Владата. За недоверба на Владата гласаа 43 пратеници, а против 11. Црногорскиот Парламент има 81 пратеник, а на гласањето присуствуваа 54.
За уривање на Владата гласаа сите опозициски партии предводени од Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ и членовите на досегашната владејачко мнозинство Граѓанското движење УРА и Цивис.
Според Уставот на Црна Гора, владата на Кривокапиќ ќе продолжи да работи до изборот на нова влада. А со изгласувањето недоверба се отвора процесот на преговарање за формирање нова влада.
Собранието на Црна Гора расправа за недоверба на Владата
Владата на Кривокапиќ е избрана на 4 декември 2020 година.
Но, уште од своето основање кабинетот на Кривокапиќ, кој имаше тенко парламентарно мнозинство, беше во постојани превирања во услови на расправии меѓу коалициските партнери што доведоа до намалување на јавната поддршка на коалицијата во последните месеци.
Предлогот го поднесе опозицијата и коалицијата „Црно-бело“. Пратениците од опозицијата не беа задоволни од работата на премиерот и од неговиот однос кон Собранието.