Јапонија ќе пренасочи природен течен гас кон Европа
Јапонија соопшти дека ќе пренасочи цистерни со течен природен гас кон Европа по барањата на Соединетите Држави и Европската унија поради загриженоста за можното нарушување на испораките од Русија.
Министерот за енергетика Коичи Хагиуда на 9 февруари изјави дека дополнителните пратки најверојатно ќе пристигнат во март, бидејќи Токио се усогласува со западните земји во соочувањето со Москва. Западните земји изразија загриженост поради можното нарушување на испораките од Русија која е најголем европски снабдувач на гас, додека тензиите се разгоруваат поради трупањето руски војници во близина на Украина.
„Решивме да одговориме на барањата на Соединетите Држави и ЕУ за испраќање на течен природен гас во Европа“, рече Хагиуда.
Блинкен: САД и ЕУ работат на заштита на европските енергетски резерви
Тој ова го кажа по одделните состаноци со амбасадорите на САД и ЕУ во Токио.
„Во контекст на меѓународните случувања околу Украина, ние треба да работиме со земјите од Групата 7, особено со пријателските земји кои ги споделуваат нашите вредности“, рече Хагиуда.