Гошев - Долгорочно создавани проблеми немаат просто решение
Државата во овој момент не може да направи многу во справувањето со економските последици од војната во Украина, вели поранешниот гувернер на Народната банка Петар Гошев. Во ваква ситуација не можете успешно да парирате на вакви шокови затоа што ќе треба да позајмите дополнително пари, вели тој