Претседателите на осум членки на ЕУ побараа итни разговори за членство на Украина
Претседателите на осум држави од централна и источна Европа во понеделникот ги повикаа земјите-членки на Европската унија веднаш да и дадат на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ и да започнат преговори за членство се наведува во отвореното писмо објавено во понеделникот, јавува агенцијата Ројтерс.
„Ние, претседателите на земјите-членки на ЕУ: Република Бугарија, Чешката Република, Република Естонија, Република Латвија, Република Литванија, Република Полска, Република Словачка и Република Словенија силно веруваме дека Украина заслужува да добие итна перспектива за пристап во ЕУ“, се вели во писмото.
Прва рунда разговори Украина и Русија без договор за мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека потпишал официјално барање Украина да се приклучи на Европската унија. Зеленски побара од унијата да и дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура, бидејќи таа се брани од инвазија на руските сили.
Украина се соочува со масовна неиспровоцирана инвазија од соседна Русија, а Зеленски и претходно денеска ја повика Европската унија веднаш да и даде членство на Украина по посебна процедура.
„Нашата цел е да бидеме со сите Европејци и што е најважно, да бидеме еднакви. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека го заслужуваме тоа“, рече тој во видео говор споделен на социјалните мрежи.