Трипков и Џуровски со проект кој бара соочување со светоста на мајчиниот јазик
„Македонска глаголица. Македонска кирилица“ е насловена изложбата на плакати/фонтови на Лазе Трипков и Ласко Џуровски, што од 28 февруари до 7 март ќе се одржи во Галеријата на Младински културен центар Скопје. Поставката претставува празник, чествување на глаголицата и кирилицата.