Блинкен оди во Европа за да ги увери партнерите во поддршката за Украина
Американскиот државен секретар Антони Блинкен ги објави плановите за патување во Европа за да ја потврди поддршката на Вашингтон за Украина, велејќи дека човечките последици од руската инвазија на Украина веќе се „застрашувачки “.
Блинкен ја осуди „провокативната реторика“ на рускиот претседател Владимир Путин за нуклеарното оружје, нарекувајќи ја „врв на неодговорноста“.
„Таквата реторика е опасна, ги зголемува ризиците од конфузија и треба да се избегнува“, рече Блинкен на прес-конференција.
Блинкен ќе ги посети Белгија, Полска, балтичките земји и Молдавија од 3 до 8 март за да ја потврди американската поддршка за Русија, соопшти Стејт департментот.
Руските сили го зазедоа Херсон
Силна експлозија одекна во Киев во близина на министерството за одбрана
„Тој денеска заминува од Соединетите Држави и прво ќе замине во Брисел на средба со неговите колеги од ЕУ и НАТО за да разговараат за „глобален одговор на руската инвазија“ во Украина“, се вели во соопштението.
На 5ти март ќе замине во Полска, која е на првата линија на фронтот за прием на бегалци од Украина кои бегаат од руската инвазија.
„Ќе разговара за дополнителна помош во областа на безбедноста против континуираната агресија на Русија врз Украина. Тој ќе ѝ се заблагодари на Полска што прими стотици илјади луѓе од Украина и ќе разговара за тоа како САД можат да ја зголемат хуманитарната помош за оние кои бегаат од војната“, се наведува меѓудругото во соопштението од Стејт департментот.
Според последниот биланс на ОН, Полска прифатила 450.000 Украинци, повеќе од половина од бегалците кои ја напуштиле земјата од 24 февруари.