Денеска втора рунда преговори меѓу Украина и Русија
Русија и Украина ќе разговараат за прекин на огнот на вториот круг од разговорите кои треба да се случат денеска, додека руските воени сили продолжуваат да го бомбардираат Харков и држат под опсада две украински пристаништа. Втората рунда разговори со цел да се стави крај на борбите треба да се одржи во западниот белоруски регион Брест, но мали се очекувањата дека најде заеднички јазик меѓу двете страни.
Украинскиот претседател Зеленски за Ројтерс и Си-Ен-Ен изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да започнат значајни разговори за прекин на огнот. Одржувањето на уште една рунда разговори доаѓа откако изолацијата на Москва се продлабочи кога повеќето земји во светот се „построија“ против неа и побараа да се повлече од Украина, а обвинителот на Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за воени злосторства.
Силна експлозија одекна во Киев во близина на министерството за одбрана
Необврзувачката резолуција, со која се изразува жалење на „ руската агресија врз Украина“, беше поддржана од 141 од 193 членови на собранието. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги објави плановите за патување во Белгија, Полска, Молдавија и Балтикот за да ја потврди поддршката на Вашингтон за Украина Тој рече дека човечките последици од руската инвазија на Украина се веќе „преголеми“.